Внатрешност на рерната
Чистете го уредот по секоја употреба. На тој начин, нечистотиите
најлесно се отстрануваат и не се запечуваат.
1. При отворање на вратата од рерната, осветлението на рерната
се вклучува автоматски.
2. Избришете ја рерната по секоја употреба со сапуница и
исушете ја.
Отстранувајте ги тврдокорните нечистотии со специјални средства
за чистење на рерни.
При примената на спреј за рерна, задолжително придржувајте се
кон упатствата на производителот.
Прибор
По секоја употреба, добро измијте и исушете ги сите делови за
вметнување (решетката, плехот за печење, решетката за
вметнување). За полесно чистење, кусо натопете ги.
Решетки за вметнување
Решетките за вметнување , на левата и десната страна во рерната,
можат да се извадат заради чистење на страничните ѕидови.
Вадење на решетките за вметнување
За вадење, кренете ја решетката, па
откачете ја од горните држачи.
52 Чистење и нега
Komentarze do niniejszej Instrukcji