Информација за акриламидите
Според најновите научни сознанија, ако интензивно ја запечувате
храната, особено производите кои содржат скроб, акриламидите може
да бидат опасни по здравјето. Оттаму препорачуваме, да готвите на
што е можно пониски температури и премногу да не ги запечувате
јадењата.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
Исчистете го апаратот по секоја употреба.
Секогаш користете садови со чисто дно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Остри и абразивни средства за чистење го оштетуваат апаратот.
Од безбедносни причини, не чистете го апаратот со парочистач или
чистачи под висок притисок.
Гребаници или темни дамки на стакло-керамичката површина немаат
влијание на работата на апаратот.
За да ја отстраните нечистотијата:
1. – Веднаш отстранете: растопена пластика, пластична фолија и
храна со шеќер. Во спротивно нечистотијата може да предизвика
оштетување кај апаратот. Употребувајте специјално стругало за
стакло . Ставете го стругалото за стаклена површина под
прецизен агол и движете го сечивото по површината .
– Отстранете откако апаратот е доволно изладен: остатоци од
бигор, прстени од вода, дамки од мрснотија, сјајни метални дамки.
Употребувајте специјално средство за чистење стакло, керамика
или нерѓосувачки челик.
2. Чистете го апаратот со влажна крпа и малку детергент.
3. На крајот на крајот исушете го апаратот со чиста крпа.
Нега и чистење
69
Komentarze do niniejszej Instrukcji